/ тоа е крв од капиларите. Немој да го клањаш намазот онолку денови (во месецот) колку што вообичаено ти трае менструацијата, а потоа избањај се и клањај!‘“...

тоа е крв од капиларите. Немој да го клањаш намазот онолку денови (во месецот) колку што вообичаено ти трае менструацијата, а потоа избањај се и клањај!‘“...

Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, се пренесува дека Фатима бинт Ебу Хубејш го прашала Аллаховиот пратеник, алејхи селам, кажувајќи му: „,Имам постојано протекување на крв и не можам да се исчистам, дали да го оставам намазот?‘ Тој одговори: ,Не, тоа е крв од капиларите. Немој да го клањаш намазот онолку денови (во месецот) колку што вообичаено ти трае менструацијата, а потоа избањај се и клањај!‘“
متفق عليه

Објаснување

Фатима бинт Хубејш го прашала Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: Постојано крвавам надвор од периодот на менструација. Дали во тој период ќе биде пропис на хајз во кој не се клања намаз? Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ѝ одговорил дека тоа е крв од истихаза. Таа крв укажува на здравствен проблем, бидејќи таа истекува од оштетена вената или крвен сад во матката, и дека тоа не е менструална крв. Ѝ кажа кога ќе се појави вообичаениот месечен циклус а пред да се разболиш од истихаза, во тој период немој да клањаш, да постиш или нешто друго што е забрането да се прави за време на месечниот циклус. А кога ќе заврши месечниот циклус во вообичаеното време, тогаш тоа е знак дека си чиста од хајз, избањај се комплетно за да ја тргнеш нечистотијата, а после тоа можеш да клањаш.

Hadeeth benefits

  1. Жената има обврска да се избања после менструалниот циклус.
  2. Жена која има „истихаза“ е должна да клања.
  3. Хајз: менструална природна крв која протекува од материцата низ вагиналниот отвор на возрасна жена, и се појавува во определен период.
  4. Истихаза: протекување на крв вон месечниот циклус од долниот дел на матката, а не од подлабокиот дел на матката.
  5. Разликата помеѓу менструална крв и истихаза крв е: менструалната крв е црна, погуста и има непријатен мирис, додека истихаза крв е црвена поретка, и нема непријатен мирис.