/ „Мисвакот е средство за чистење на устата и задоволство за Господарот.“

„Мисвакот е средство за чистење на устата и задоволство за Господарот.“

Од Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Мисвакот е средство за чистење на устата и задоволство за Господарот.“
رواه النسائي وأحمد

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека чистењето на забите со гранче од дрвото арак или слично средство ја чисти устата од нечистотии и непријатна миризба, и дека тоа е една од причините за човекот да го стекне Аллаховото задоволство, бидејќи претставува послушност кон Аллах и исполнување на Неговата наредба, како и одржување на хигиената која Аллах ја сака.

Hadeeth benefits

  1. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја истакнува препораката за користењето на мисвакот и го поттикнува својот умет често да го користи.
  2. Најдобро е за чистењето на забите да се користи гранче од дрвото арак, но четката и пастата за заби исто така можат да го заменат.