- Потврда за пропишаноста на користењето мисвак по ноќниот сон, бидејќи спиењето предизвикува промена во миризбата на здивот, а мисвакот е средство за чистење.
- Пропишаноста на користењето мисвак при секоја непријатна промена во здивот, што се изведува од претходното значење.
- Чистотата е пропишана како општ принцип, бидејќи таа е дел од сунетот на веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, и е дел на верската етика.
- Користењето мисвак опфаќа чистење на целата уста, вклучувајќи ги забите, непцата и јазикот.
- Мисвакот е гранче што се сече од дрвото Арак или од други слични дрвја, и се користи за чистење на устата и забите, освежување на здивот и отстранување на непријатните мириси.