- Поттик за давање милостина и споделување на имотот на Аллаховиот пат.
- Давањето во добротворни цели е причина за бериќет во имотот и во неговото зголемување, но исто така Аллах ќе му го надомести на Својот роб она што го потрошил во таа намена.
- Овој хадис во кој Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува од Аллах се нарекува хадис кудси или хадис илахи (божествен хадис). Тоа е хадис чиишто изрази и значења се од Семоќниот Аллах, но ги нема оние карактеристики на Куранот со кои тој се одликува, како што се: неговото цитирање претставува чин на обожување, обврската да бидеме чисти кога го допираме, Куранот е објавен да ги предизвика кон сите луѓе и некои други специфичности.