/ „Богаството не се намалува со давањето милостина, а Аллах за опростувањето кое ќе го направи робот само ќе му го зголеми угледот, и никој нема да се понизи заради Аллах, а да не биде воздигнат од Него...

„Богаството не се намалува со давањето милостина, а Аллах за опростувањето кое ќе го направи робот само ќе му го зголеми угледот, и никој нема да се понизи заради Аллах, а да не биде воздигнат од Него...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Богаството не се намалува со давањето милостина, а Аллах за опростувањето кое ќе го направи робот само ќе му го зголеми угледот, и никој нема да се понизи заради Аллах, а да не биде воздигнат од Него."
رواه مسلم

Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни појаснува дека милостината не го намалува имотот, туку го брани од несреќа, и дека Аллах ќе му надокнади на сопственикот со големо добро, па имотот ќе биде зголемен, а не намален. Опростување, иако има можност да се освети или да возврати, на човекот само ќе му ги зголеми угледот и возвишеноста. Нема таков, којшто се понизил заради Аллах, а не заради страв, учтивост или заради некоја корист, а да не биде награден со почит и возвишеност.

Hadeeth benefits

  1. Доброто и спасот се во практикувањето на исламското законодавство и правењето на добри дела, иако некои луѓе го мислат спротивното.