Објаснување
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, го кажуваше овој зикр после секој пропишан намаз, а неговото значење е:
„Ла илахе иллаллах“, значи нема вистинско божество кое се обожува освен Аллах.
„Вахдеху ла шерике леху“, значи: Му нема рамен и истоветен во Неговиот „улухијет“-божественост, ниту во „рубубијет“-господарење, ниту во Неговите совршени својства и имиња.
„Лехул-мулку“, значи: Тој ја има апсолутната моќ која опфаќа сè, Господар е на небесата и Земјата и на сето она што е помеѓу нив.
„Ве лехул-хамду“, значи: дека Тој го поседува апсолутното совршенство, Тој е пофален со совршенство, Во секоја ситуација Го величаме и Го сакаме, и во благосостојба и при потешкотии.
„Ве хуве ала кулли шеј'ин кадир“, Неговата моќ е апсолутна и потполна во секој аспект, ништо не може да Го спречи, ниту да Му се спротивстави во која било работа.
„Ла хавле ве ла куввете илла биллах“, значи: нема промена на каква било состојба, од правење грев кон покорноста Нему, ниту има сила освен таа на Аллах. Тој помага и врз Него се потпираме.
„Ла илахе иллаллах, ве ла на'буду илла ијјах“ е потврда на значењето на „улухијетот“ и негирање на многубоштвото, исто така и дека само Тој смее да се обожува и никој друг.
„Лехун-ни'мету ве лехул-фадлу“: Тој ги создава и ги поседува благодатите, и ги расподелува кому Тој сака од Неговите робови.
„Ве лехус-сенаул-хасену“: Нему Му припаѓа убавата пофалба: тој е величан во Неговото битие, во Неговите особини, во Неговите дела и Неговите благодати и во секоја состојба.
„Ла илахе иллаллах, мухлисине лехуд-дин“, т.е. Го сметаме за Единствен, искрени сме во тоа и далеку сме од лицимерието во покорноста кон Аллах.
„Ве лев керихел-кафирун“, значи: постојани во верувањето во Аллах, во правење на богоугодни дела, па макар тоа да го мразат неверниците.