- Одликата на петокот во однос на останатите денови од неделата.
- Во петок се поттикнува на извршување повеќе добри дела со цел да се придобие милоста на Возвишениот Аллах и истовремено да се избегне Неговата казна.
- Што се однесува до одликите на петокот споменати во хадисот, некои велат дека тие не се наведени исклучиво за да се истакне неговата вредност, бидејќи протерувањето на Адем од Џенетот и Судниот ден не се сметаат за вредности. Од друга страна, има алими кои велат дека и тие се вредности, бидејќи протерувањето на Адем беше причина за постоењето на неговото потомство, меѓу кои се пратениците, веровесниците и добрите луѓе. Судниот ден, пак, ќе биде причина за забрзување на наградата за добрите и за добивање на почестите кои Аллах им ги подготвил.
- Исто така, за петокот се споменуваат и други одлики кои не се наведени во овој хадис, како на пример дека во него беше прифатено покајанието на Адем, во него преселил од овој свет, и во него постои момент кога верникот, додека дови, побара нешто од Аллах, Тој ќе му го даде.
- Најдобриот ден во годината е денот на Арафат, а според други мислења – денот на курбанскиот бајрам. Најдобриот ден во неделата е петокот, а најдобрата ноќ е ноќта на кадр.