- Тешехудот се чита на седење после направената последна сеџда во секој намаз, и на седењето по вториот рекат во намазите кои имаат три или четири реката.
- Обврска е да го кажеме „Ет-техијјату“ на седењето, но дозволено да кажуваме и други зборови кои се кажуваат во оваа позиција, а кои се пренесуваат од Аллаховиот пратеник, алејхи селам.
- Дозволено е да молиме во намаз за тоа што сакаме, освен ако се работи за грев.
- Пофално е да се почне со самиот себе, кога сакаме да се молиме за некого.