- Обврска е да паѓаме ничкум во намазот на седумте делови на телото.
- Не е препорачано да ја собираме облеката и косата во намазот.
- Клањачот треба да биде смирен во намазот, тоа ќе се случи кога ќе ги спушти сите седум делови на телото на земјата, и во таа состојба ќе се смири и ќе го цитира задолжителниот зикр.
- Забраната да се собере косата се однесува само за мажите, но не и за жените, бидејќи жената во намаз мора да биде покриена со шамија.