- Не е исправно да се чита ништо друго наместо поглавјето Ел Фатиха, за оној кој е во можност.
- Рекатот во кој не е изговорено поглавјето Ел Фатиха не е валиден. Било да е намерно испуштено, од незнаење или поради заборав, рецитирањето на ова поглавје е рукн/столб на намазот, а рукнот никако не може да се изостави.
- Обврската да се рецитира ова поглавје отпаѓа кај клањачот кој стигнал во намазот кога имамот е во состојба на поклон/руку.