- Од мудростите на кревањето на рацете во намазот е дека тоа кревање се смета за украс на намазот и величање на Возвишениот Аллах.
- Од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, е потврдено дека рацете ги кревал и на четврто место, како што е пренесено од Ебу Хумејд ес-Саиди во хадисот забележан кај Ебу Давуд и други, а тоа е при станувањето по првиот тешехуд во трирекатните и четирирекатните намази.
- Од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, исто така е потврдено дека ги кревал рацете до висината на ушите, без да ги допира, како што е пренесено во хадисот од Малик бин Хувејрис, забележан во Сахих Бухари и Сахих Муслим: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе изговореше текбир, ги креваше рацете сè додека не бидат во висина на ушите.“
- Комбинирањето на зборовите „Семиаллаху лимен хамидех“ и „Раббена ве лекел хамд“ е пропишано за имамот и за оној што клања сам. Што се однесува до оној што клања зад имамот, тој изговара само: „Раббена ве лекел хамд.“
- Зборовите „Раббена ве лекел хамд“ по руку се потврдени од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во четири различни формулации, а оваа форма е една од нив. Најдобро е верникот да ги применува сите формулации, така што понекогаш ќе применува една, а друг пат друга.