- Тивко изговарање на почетната дова, дури и во намазите во кои се рецитира наглас.
- Асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, внимателно ги следеле постапките и состојбите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во секое негово движење и мирување.
- Пренесени се различни формулации на почетната дова и најдобро е човекот да ги практикува сите пренесени и потврдени форми од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, така што понекогаш ќе изговара една дова, а другпат друга.