/ Кое дело му е најмило на Аллах?‘ Тој ми рече: ,Намазот да се клања во негово определеното време.‘ Прашав: ,А потоа?‘, тој одговори: ,Добродетелството кон родителите.‘ Пак прашав: ,А потоа?‘, Тој рече: ,Борбата на Аллаховиот пат...

Кое дело му е најмило на Аллах?‘ Тој ми рече: ,Намазот да се клања во негово определеното време.‘ Прашав: ,А потоа?‘, тој одговори: ,Добродетелството кон родителите.‘ Пак прашав: ,А потоа?‘, Тој рече: ,Борбата на Аллаховиот пат...

Абдулах ибн Месуд, радијаллаху анху, рекол: „Го прашав Аллаховиот пратеник, алејхи селам: ,Кое дело му е најмило на Аллах?‘ Тој ми рече: ,Намазот да се клања во негово определеното време.‘ Прашав: ,А потоа?‘, тој одговори: ,Добродетелството кон родителите.‘ Пак прашав: ,А потоа?‘, Тој рече: ,Борбата на Аллаховиот пат‘. Тоа ми го одговори Аллаховиот пратеник, алејхи селам, а да го прашав уште ќе ми одговореше со уште повеќе.“
متفق عليه

Објаснување

Прашан е Пратеникот, алејхи селам, кое добро дело Аллах најмногу го сака? Тој одговорил: Фарз намазот да се клања во неговото време кое е одредено со верозаконот. Потоа, добродетелство кон родителите, да покажеш добрина кон нив, да внимаваш на нивните права и да не бидеш непослушен кон нив. Следно е борбата на Аллаховиот пат, за да се воздигне Аллаховиот збор, за да се одбрани верата ислам и неговите следбеници, за да се манифестираат исламските обреди, жртвувајќи го животот и имотот на тој пат. Ибн Месуд, радијаллаху анху, рекол: Ме извести за овие дела; да прашав пак: А потоа кое?, тој ќе одговореше.

Hadeeth benefits

  1. Некои дела се повредни од другите, според тоа колку Му се помили на Аллах.
  2. Поттик за муслиманот прво да ги прави највредните дела, а потоа тие што следуваат и така натаму.
  3. Аллаховиот пратеник, алејхи селам, дал различни одговори кога го прашале за најдоброто дело, според различните карактери и состојби на асхабите, на начин кој е најкорисен за секој од нив.