„,Што мислите, кога некој од вас би имал река пред својата врата и би се капел во неа петпати на ден, дали ќе остане нешто од неговата нечистотија?...
Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека го слушнал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „,Што мислите, кога некој од вас би имал река пред својата врата и би се капел во неа петпати на ден, дали ќе остане нешто од неговата нечистотија?‘ Тие рекоа: ,Не, нема да остане ништо од неговата нечистотија.‘ Тогаш тој рече: ,Тоа е примерот на петте дневни намази со кои Аллах ги брише гревовите.‘“
متفق عليه
Објаснување
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ги споредил петте дневни намази во текот на еден ден со река што тече пред нечиј дом. Тие намази ги бришат и отстрануваат малите гревови, како што се чисти од нечистотија човек кој се капе во река петпати на ден.
Hadeeth benefits
Оваа вредност е посебна за опростот на малите гревови, додека големите гревови не можат да се избришат без покајание.
Вредноста на клањањето на петте намази, и грижата да ги клањаме исполнувајќи ги потребните шартови, рукнови, ваџиби и сунети.
Comportir
Use the QR code to easily share the message of Islam with others