Ебу Сеид ел Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Смртта ќе биде доведена во форма на црно-бел овен, па гласникот ќе повика: ,О жители на Џенетот', и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат, па гласникот ќе праша: ,Го препознавате ли ова?' Тие ќе речат: ,Да, ова е смртта,' и сите ќе ја видат. Потоа гласникот ќе повика: ,О жители на Огнот,' и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат, па гласникот ќе праша: ,Го препознавате ли ова?' Тие ќе речат: „Да, ова е смртта,“ и сите ќе ја видат. Смртта ќе биде заклана, и гласникот ќе рече: ,О жители на Џенетот, ви претстои вечноста без смрт, и о жители на Огнот, ви претстои вечноста без смрт.'" Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го рецитира ајетот: „И предупреди ги со Денот на тагата, кога со полагањето на сметката ќе биде завршено, а тие се во немар и тие не веруваат.“ (Мерјем, 39)
متفق عليه