- Лошите дела треба да се осудат во моментот кога ќе бидат забележани и не треба да се одложува, освен ако тоа (осудувањето) не предизвика поголема штета.
- Казнувањето на идниот свет ќе биде различно, според големината на гревот.
- Цртање и сликање на живи суштества е еден од големите гревови.
- Една од мудростите на забраната на цртање е да се спречи подражавањето на создавањето на Аллах, без разлика дали цртачот има намера да го имитира или не.
- Во шеријатот се води сметка за имотот и за неговата понатамошна употреба откако ќе го избегнеме забрането.
- Забрането е да се цртаат живи суштества во каква било форма, дури и во погрдни цели.