„Вашиот овосветски оган е еден дел од седумдесетте делови на џехенемскиот оган
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Вашиот овосветски оган е еден дел од седумдесетте делови на џехенемскиот оган.“ Некој рекол: „О, Божји пратенику, и силината на овосветскиот оган, би била доволна како казна.“ Тој одговорил: „Џехенемскиот оган е посилен од овосветскиот за шеесет и девет делови, а секој дел е како овоземниот оган."
متفق عليه
Објаснување
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека овосветскиот оган е еден дел од седумдесетте делови од џехенемскиот оган. Ахиретскиот оган е поинтензивен од овосветскиот оган за шеесет и девет делови, секој дел е со иста топлина како овосветскиот оган. Некоj рекол: „О, Божји Пратенику, и овосветскиот оган би бил доволен како казна.“ Тој одговорил: „Џехенемскиот оган е посилен од овосветскиот за шеесет и девет делови, сите со иста топлина.“
Hadeeth benefits
Предупредување од Огнот за да се одвратат луѓето од делата што водат до него.
Големината на џехенемскиот оган и неговата казна, и интензитетот на неговата топлина.
Comportir
Use the QR code to easily share the message of Islam with others