Објаснување
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека откако Аллах ги создал Џенетот и Огнот, му рекол на Џибрил, алејхи селам: „Оди и погледни го Џенетот.“ Џибрил отиде, го погледна и се врати. Џибрил рече: „Господару мој, се колнам во Твоето достоинство, никој нема да слушне за него и за благодатите и уживањето во него, а да не посака да влезе и да работи за тоа.“ Потоа Аллах го опкружи Џенетот со потешкотии и предизвици како што се извршувањето на наредбите и избегнувањето на забраните. Оној кој сака да влезе во Џенетот мора да ги премине тие потешкотии. Аллах повторно му рече на Џибрил: „Оди и погледни го Џенетот, откако го опкружив со потешкотии.“ Џибрил отиде, го погледна и се врати, велејќи: „Господару мој, се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да влезе поради тешкотиите кои се на патот до него.“ Кога Аллах го создаде Огнот, му рече на Џибрил: „Оди и погледни го.“ Џибрил отиде, го погледна и се врати, па рече: „Господару мој, се колнам во Твоето достоинство, никој нема да слушне за него и за казните што ги содржи, а да не го мрази и да се оддалечи од делата што водат до него.“ Потоа Аллах го опкружи Огнот со страсти и задоволства, и повторно му рече на Џибрил: „Оди и погледни го.“ Џибрил отиде, го погледна и се врати, велејќи: „Господару мој, се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да се спаси од него поради страстите и задоволствата што го опкружуваат.“