- Пратеништвото на Мухамед, алејхи селам, е универзално за целиот свет, сите се должни да го следат и со неговиот верозакон се дерогирани сите останати верозакони.
- Кој не верува во Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нема да му користи неговото верување во другите пратеници, Аллаховиот мир и спас нека е над сите нив.
- Тој што не слушнал за Аллаховиот пратеник, алејхи селам, и до кого не стигнала пораката на исламот, таквиот има оправдување и на Судниот ден Аллах ќе одлучи што ќе биде со него.
- Користа од прифаќањето на исламот ќе се постигне доколку се случило пред да настапи смртта, па дури иако човекот има тешка болест, битно е да не стигнала душата до гркланот.
- Чин на неверство е да ги сметаме другите религии за исправни, како на пример христијанство и јудеизмот.
- Спомнувањето на христијаните и евреите овде е заради тоа што им е објавена книга, но хадисот укажува и на сите други религии. Ако е ваква состојбата на христијаните и евреите кои ја имаат книгата, тогаш останатите, кои ја немаат книгата, се поповикани да веруваат во Божјиот пратеник. Должноста на сите е да ја прифатат оваа вера и да го следат Аллаховиот пратеник, алејхи селам.