Од Сехл бин Саад, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на денот на Хајбер рекол: „,Утре ќе му го дадам знамето на човек преку кого Аллах ќе даде победа. Тој го сака Аллах и Неговиот пратеник, и Аллах и Неговиот пратеник го сакаат него.
Сехл рече: ,Луѓето ја поминаа ноќта во исчекување, прашувајќи се кој ќе го добие знамето. Кога осамна, сите се упатија кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, надевајќи се дека ќе им го даде знамето. Но тој праша: Каде е Али бин Ебу Талиб?‘
Му одговорија: ,О Божји пратенику, тој се жали на болки во очите.‘
Тогаш рече: ,Повикајте го.‘
Али беше доведен пред него, па Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, плукна во неговите очи и упати дова за него. Болката исчезна, како никогаш да не ја имал. Потоа му го предаде знамето.
Али рече: ,О Божји пратенику, дали да се борам со нив додека не станат исти како нас?‘
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговори:
,Однесувај се смирено додека не стигнеш на нивната територија. Потоа повикај ги во исламот и објасни им ги нивните обврски кон Аллах. Затоа што, се колнам во Аллах дека, ако Аллах преку тебе упати еден човек, тоа е подобро за тебе од поседувањето на црвените камили.‘“
متفق عليه