- Вредноста на повикувањето кон упатството, било да се работи за малку или многу. Тој што повикува ќе ја добие наградата како оној кој ќе направи добро, бидејќи Аллаховите благодати се бројни како и Неговата милост кон Неговите робови.
- Опасност на повикување кон заблудата, било да е мала или голема, а тој што повикува кон неа, ќе го носи гревот како тој што го прави гревот.
- Наградата или казната ќе биде според направеното дело. Оној што повикува на добро ќе има иста награда како и сторителот на тоа добро, а оној што повикува на зло ќе го има истиот грев како и неговиот сторител.
- Муслиманот мора да внимава да не им дава лош пример на другите или јавно да не прави гревови. Тој ќе има грев за секој што ќе го следи во тој грев, па дури и ако не ги поттикнал намерно на тој грев.