„Сите вие сте пастири, и секој пастир ќе одговара за своето стадо
Абдулах бин Амр, радијаллаху анху, пренесува дека: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Сите вие сте пастири, и секој пастир ќе одговара за своето стадо. Владетелот е пастир и е одговорен за своето стадо, човекот е пастир за своето семејство и е одговорен за своето стадо, жената е пастир во куќата на нејзиниот маж и е одговорна за своето стадо, а слугата е пастир на имотот на својот господар и е одговорен за своето стадо. Значи, сите вие сте пастири и сите вие сте одговорни за своето стадо.“
متفق عليه
Објаснување
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни кажува дека секој муслиман има свој дел од одговорноста во општеството кој треба да го понесе и да се грижи за истиот. Владетелот и емирот се грижат за тоа што им е доверено. Тие се грижат за законот (Шеријатот), не ги загрозуваат правата на жителите, ја штитат територијата од надворешни напади и се борат против непријателот. Човекот е одговорен во своето семејство. Тој е должен финансиски да се грижи за семејството, добро да се однесува со членовите, да ги воспитува и подучува. Жената е пастир во куќата на својот маж, во раководењето со домот, воспитувањето на децата, сето тоа е нејзина одговорност Слугите, робовите и работниците се одговорни за имотот на својот господар или работодавач. Тие се должни одговорно да ја исполнат својата обврска и служба. Секој поединец е пастир во она што му е доверено, и секој индивидуално е одговорен за довереното.
Hadeeth benefits
Одговорноста во муслиманското општество е општа. Секој според својата позиција, способности и одговорност.
Голема е одговорноста на жената, која ги извршува обврските во домот на својот сопруг и поради должностите кои ги има кон децата.
Comportir
Use the QR code to easily share the message of Islam with others