- Овој хадис е еден од доказите за пратеништвото на нашиот Пратеник, алејхи селам, имајќи предвид дека тој наговестил што ќе се случи со неговиот умет, и тоа се случило токму така како што кажал.
- Дозволено е да му се наговести на човекот какво искушение го чека за психички да се подготви за тоа. А кога ќе се случи, човекот ќе биде трпелив, очекувајќи награда за тоа.
- Да се држиме цврсто за Аллаховата книга и традицијата-сунетот е излез од искушенијата и несогласувањата.
- Поттик да бидеме послушни и покорни на владателите во добрите практики, да не креваме востание, па дури и кога тие ќе направат некоја неправда.
- Треба да бидеме мудри и да ја следиме традицијата-сунетот во времето на искушенијата.
- Човекот мора да ги извршува обврските кои ги има, па дури и кога ќе му биде нанесена некаква неправда.
- Овој хадис е доказот за правилото: Избираме помало зло или помала штета (помеѓу две).