- Еден од доказите за пратеништвото на нашиот Пејгамбер, алејхи селам, се известувањата за тоа што ќе се случи во иднина, и фактот дека тие се случувале онака како што тој навестил.
- Не е дозволено да бидеме задоволни со лошото ниту да учествуваме во него, должни сме лошото да го осудиме.
- Ако владателите воведат работи кои се спротивни на верозаконот, ние не смееме да ги следиме во тоа.
- Не е дозволено да се креваат востанија против владетел муслиман бидејќи тоа ќе предизвика огромна штета, ќе пролее крв и ќе ја дестабилизира безбедноста. Да имаме трпение и да ги поднесеме лошотиите што ги прават владетелите е полесно од тоа.
- Намазот има голема вредност, тој го дели исламот и неверувањето.