Објаснување
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ги советувал асхабите со убави совети, поради кои срцата им се исполнија со страв, а очите им се насолзија, па кажаа: О, Аллахов пратенику, како да држиш проштален говор. Асхабите забележаа сериозност во говорот на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, па затоа побараа да им остави аманет кој тие ќе го исполнат после него, а тој им рече: Ви оставам завет да се плашите од Аллах, така што ќе ги исполнувате обврските, а ќе ги избегнувате забранетите работи, ќе им бидете послушни на вашите водачи, па дури тој водач да биде роб или да ја презеде власта, т.е. и од најнизок слој на луѓе да ви стане водач немојте да ви биде одбивно, туку следете го, за да не дојде до неред, а кој ќе го дочека тоа од вас за време на својот живот, ќе биде сведок на големи несогласувања, потоа им го објаснил излезот од ова несогласување, дека тоа е можно доколку ја следат неговата традиција и традицијата на праведните и упатените халифи, кои ќе дојдат после Пратеникот: Ебу Бекр, Омер бин Хатаб, Осман бин Афан и Али бин ебу Талиб, Аллах нека е задоволен со сите нив, и за тие традиции нека се фатат како да загризат со катниците до последниот мислејќи со ова: сериозност во следењето на традицијата и неотстапување од неа, и ги предупредил од некои ново-воведени работи во верата, а секоја таква измислена работа го носи човекот во заблуда.