- Овој хадис, во кој Аллаховиот пратеник, алејхи селам, пренесува од Аллах, се нарекува хадис кудси или хадис илахи (божествен хадис). Тоа е хадис чиишто изрази и значења се од Семоќниот Аллах, но ги нема оние карактеристики на Куранот со што тој се одликува, како што се: неговото цитирање претставува чин на обожување, обврската да бидеме чисти кога го допираме, Куранот е предизвик кон сите луѓе и некои други специфичности.
- Забрането е вознемирување на Аллаховите евлии, треба да покажеме љубов кон нив и да ја препознаеме нивната вредност.
- Обврска е да непријателството кон Аллаховите непријатели, и забрането е да бидеме блиски пријатели со нив.
- Кој ќе огласи дека е евлија без притоа да ги следи шеријатските норми, тој е лажго во своето тврдење.
- Аллаховата близина се постигнува со извршувањето на облигативните работи и избегнувањето на забранетите.
- Една од причините за Аллаховата љубов кон робот и исполнувањето на неговите дови е вршењето на доброволни дела откако човекот ќе ги изврши задолжителните и ќе ги избегнува лошите дела.
- Указ за почитувањето на Аллаховите блиски слуги и за нивниот воздигнат статус.