- Забрането е да вдомиме куче и да го чуваме дома, од оваа забрана се исклучува куче кое се користи за лов или за чување.
- Мелеците кои се воздржуваат од ваквото друштво се мелеците на милосрдието, а што се однесува до мелеците кои се задолжени да го чуваат човекот, тие никогаш не го напуштаат.
- Забрането е да користиме ѕвоно, затоа што тоа ја претставува шејтановата фрула, а воедно со тоа се поистоветуваме со христијаните.
- Муслиманот треба да стреми кон тоа да одбегнува сè што може да ги оддалечи мелеците од неговата близина.