- Забрането е да клањаме во гробишта, помеѓу гробовите или свртени кон нив, освен џеназе намазот, како што е тоа потврдено со праксата на Аллаховиот пратеник.
- Забрането е да клањаме кон гробовите, како превенција да не направиме ширк.
- Исламот го забранил претерувањето во поглед на гробовите и забранил истите да се омалуважуваат. И двете крајности се забранети.
- Светоста на муслиманот останува и по неговата смрт, како што кажал Аллаховиот пратеник, алејхи селам: „Да се скрши коската на умрениот е исто како и да се скрши коската на живиот.“