- Пофално е да се спомене името на Аллах при влегувањето дома и пред јадење. Во спротивно, шејтанот ќе преноќи во куќата и ќе јаде од храната на семејството ако не се спомне Аллаховото име.
- Шејтанот го надгледува човекот, што прави и како се однесува во сите ситуации, па ако тој заборави да го спомне Аллах, го дочекал тоа што го бара.
- Спомнувањето на Аллаховото име го оддалечува шејтанот.
- Секој шејтан има свои следбеници и помошници, кои се радуваат на неговите зборови и ги следат неговите наредби.