Најчестата дова на Пратеникот, алејхи селам, била: „ Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен, ве фил-ахирети хасенетен, ве кина азабен-нари.“(Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот)...
Енес, радијаллаху анху, раскажува: Најчестата дова на Пратеникот, алејхи селам, била: „ Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен, ве фил-ахирети хасенетен, ве кина азабен-нари.“(Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот).
متفق عليه
Објаснување
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, честопати на Аллах Му упатувал сеопфатни дови. Една од таквите е: „Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен ве фил-ахирети хасенетен ве кина ‘азабен-нар.“ Оваа дова го опфаќа доброто на овој свет: доволно и халал снабдување, доблесна сопруга, дете кое носи радост, благосостојба, корисно знаење, добри дела и слични на овие работи кои ги сакаме и се дозволени, исто така довата го опфаќа и доброто на идниот свет, што подразбира безбедност од казната во гробот, на Судниот ден и во пеколот; задоволството на Аллах, вечното уживање во благодатите и во блискоста до Милостивиот Господар.
Hadeeth benefits
Пофално е да се упатат сеопфатни молби до Аллах, следејќи го во тоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам.
Најсоодветно е човекот да го бара од Аллах и овосветското и доброто на идниот свет.
Comportir
Use the QR code to easily share the message of Islam with others