- Вредноста на молитвата е дека оној кој се моли на Аллах, тој Го велича, и со тоа признава дека Аллах е апсолутно независен Кој има сè, а од сиромашниот ништо не се бара. Понатаму, човекот признава дека Аллах слуша сè бидејќи глувиот не се повикува, и дека Аллах е благороден бидејќи скржавиот нема да даде ништо, и покажува дека Аллах е милостив, бидејќи од суровиот и грубиот не се бара, и дека е Моќен бидејќи немоќниот не се повикува, и дека Тој е блиску бидејќи далечениот не слуша, и други својства на совршенство и убавина кои ги има Возвиошениот Аллах.