- Пофално е често да извршуваме верски обреди и нафиле (доброволни) намази во нашите куќи.
- Не е дозволено да се клања на гробиштата, бидејќи таков чин може да води кон ширк-многубоштво и кон претерување кога се во прашање луѓето кои се закопани таму, освен ако се работи за џеназе намазот.
- Забраната да се клања на гробиштата беше потврдена од асхабите, затоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, забранил куќите да се претворат како гробишта во кои не се клања.