- Системот на човечките коски и нивната правилна функција и здравје се едни од најголемите Аллахови благодати кон нас. Секој зглоб од тие коски бара да се даде садака за него, како израз на благодарност за таа благодат.
- Поттик за секојдневно изразување благодарност, со цел зачувување на благодатите.
- Поттик за постојано извршување на доброволни дела и давање садака секој ден.
- Вредноста на помирувањето меѓу луѓето.
- Поттик за помагање на братот, бидејќи неговото помагање е садака.
- Поттик за присуство на заедничките намази, одење пеш до џамиите и нивното одржување преку тоа.
- Обврска за внимателно однесување на патиштата што ги користат муслиманите, избегнувајќи сè што би можело да им наштети или да им предизвика непријатност.