/ „Кога човекот ќе го засака својот брат, нека му каже дека го сака.“

„Кога човекот ќе го засака својот брат, нека му каже дека го сака.“

Микдам бин Ма’ди Кериб, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога човекот ќе го засака својот брат, нека му каже дека го сака.“
رواه أبو داود والترمذي والنسائي في السنن الكبرى وأحمد

Објаснување

Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека една од причините кои ја зајакнуваат врската меѓу верниците и ја шират љубовта меѓу нив е таа што, ако некој го засака својот брат, треба да му каже дека го сака.

Hadeeth benefits

  1. Вредноста на искрената љубов во името на Аллах, без некои овосветски интереси.
  2. Препорачливо е да му се каже на оној кого го сакаш во името на Аллах дека го сакаш, за да се зголеми љубовта и блискоста.
  3. Ширењето на љубовта меѓу верниците ја зајакнува верската братска врска и го чува општеството од раздор и поделби.