/ „Кој сака да има изобилно снабдување, и да му се продолжи животот, нека ги одржува роднинските врски

„Кој сака да има изобилно снабдување, и да му се продолжи животот, нека ги одржува роднинските врски

Енес бин Малик, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој сака да има изобилно снабдување, и да му се продолжи животот, нека ги одржува роднинските врски."
متفق عليه

Објаснување

Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве сллем, нè поттикнува да ги одржуваме семејните врски со посета, финансиска помош и други добри дела кон нив. Тоа е причина Аллах да ни даде изобилство и да ни го продолжи животот.

Hadeeth benefits

  1. Роднини се тие од страна на таткото и мајката, и колку се поблиски, толку се поважни да се одржуваат.
  2. Наградата е според направеното дело, тој што ги чува семејните врски со доброчинство и добрина, Аллах ќе го сочува во животниот век и снабдувањето.
  3. Одржувањето на роднинските врски е причина за зголемено снабдување и зголемен животен век. Имајќи предвид дека секој животен век и снабдување се веќе одредени, Возвишениот Аллах ќе му даде бериќет во тоа, па тој ќе прави поголеми и покорисни добри дела за разлика од некој друг. Според друго толкување, тоа значи вистинско зголемување на снабдувањето и животниот век, а Аллах најдобро знае.