/ „Кој ќе го одложи рокот на враќањето на долгот на должникот или во потполност се откаже од побарување на долгот, Возвишениот Аллах ќе го стави во сенката на Својот Арш на Судниот ден, на денот кога друга ладовина нема да има...

„Кој ќе го одложи рокот на враќањето на долгот на должникот или во потполност се откаже од побарување на долгот, Возвишениот Аллах ќе го стави во сенката на Својот Арш на Судниот ден, на денот кога друга ладовина нема да има...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе го одложи рокот на враќањето на долгот на должникот или во потполност се откаже од побарување на долгот, Возвишениот Аллах ќе го стави во сенката на Својот Арш на Судниот ден, на денот кога друга ладовина нема да има."
رواه الترمذي وأحمد

Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ известил дека оној што ќе му одложи рок на враќање на должникот или се откаже од долгот, неговата награда е: Аллах ќе го засолни на Судниот ден под Својот Арш, а тој Ден Сонцето ќе се приближи до главите на Аллаховите робови и ќе биде екстремно жешко. Никој нема да најде засолниште освен оној кого Аллах го засолнил.

Hadeeth benefits

  1. Вредноста кога ќе им олесниме на Аллаховите робови, и тоа ќе биде причина човекот да биде спасен од стравотиите на Судниот ден.
  2. Наградата е според направеното дело.