{2. О, верници, не ги омаловажувајте Аллаховите обреди на аџилакот, ниту светиот месец, ни курбаните, особено тие со оглав обележани, ниту луѓето кои тргнале кон Светиот Храм сакајќи награда и наклоност од Господарот свој. А кога обредите на аџилакот ќе ги извршите, тогаш смеете да ловите. И омразата што ја имате кон одредени луѓе, затоа што ви го оневозможија пристапот кон Светиот Храм,[110] никако нека не ве наведе да извршите насилство! Едни на други помагајте си во добродетелството и во богобојазливоста, а не соучествувајте во гревот и непријателството; и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах страшно казнува!} (سورة المائدة
: 2).
يَٰٓأَيُّهَا ٱلَّذِينَ ءَامَنُواْ لَا تُحِلُّواْ شَعَٰٓئِرَ ٱللَّهِ وَلَا ٱلشَّهۡرَ ٱلۡحَرَامَ وَلَا ٱلۡهَدۡيَ وَلَا ٱلۡقَلَٰٓئِدَ وَلَآ ءَآمِّينَ ٱلۡبَيۡتَ ٱلۡحَرَامَ يَبۡتَغُونَ فَضۡلٗا مِّن رَّبِّهِمۡ وَرِضۡوَٰنٗاۚ وَإِذَا حَلَلۡتُمۡ فَٱصۡطَادُواْۚ وَلَا يَجۡرِمَنَّكُمۡ شَنَـَٔانُ قَوۡمٍ أَن صَدُّوكُمۡ عَنِ ٱلۡمَسۡجِدِ ٱلۡحَرَامِ أَن تَعۡتَدُواْۘ وَتَعَاوَنُواْ عَلَى ٱلۡبِرِّ وَٱلتَّقۡوَىٰۖ وَلَا تَعَاوَنُواْ عَلَى ٱلۡإِثۡمِ وَٱلۡعُدۡوَٰنِۚ وَٱتَّقُواْ ٱللَّهَۖ إِنَّ ٱللَّهَ شَدِيدُ ٱلۡعِقَابِ
{94. О, верници, Аллах ќе ве доведува во искушение со дивечот кој ќе биде на дофат на рацете ваши и копјата ваши, за Аллах да укаже на тој што од Него се плаши кога никој не го гледа. А тој што и после тоа насилство ќе стори, го чека болно страдание.} (سورة المائدة
: 94).
يَٰٓأَيُّهَا ٱلَّذِينَ ءَامَنُواْ لَيَبۡلُوَنَّكُمُ ٱللَّهُ بِشَيۡءٖ مِّنَ ٱلصَّيۡدِ تَنَالُهُۥٓ أَيۡدِيكُمۡ وَرِمَاحُكُمۡ لِيَعۡلَمَ ٱللَّهُ مَن يَخَافُهُۥ بِٱلۡغَيۡبِۚ فَمَنِ ٱعۡتَدَىٰ بَعۡدَ ذَٰلِكَ فَلَهُۥ عَذَابٌ أَلِيمٞ
{95. О, верници, не убивајте го дивечот додека сте во ихрами[117]! Тој што намерно ќе убие, казната му е едно домашно животно, чија вредност ќе ја проценат двајца ваши праведни луѓе, како курбан да заколе покрај Ќаба, или да се искупи така што ќе нахрани сиромашни или ќе пости, за да ја осети погубноста на постапката своја. А Аллах веќе го простил тоа што било. Тој што повторно ќе го стори тоа, Аллах ќе го казни! Аллах е Силен и Строг!} (سورة المائدة
: 95).
يَٰٓأَيُّهَا ٱلَّذِينَ ءَامَنُواْ لَا تَقۡتُلُواْ ٱلصَّيۡدَ وَأَنتُمۡ حُرُمٞۚ وَمَن قَتَلَهُۥ مِنكُم مُّتَعَمِّدٗا فَجَزَآءٞ مِّثۡلُ مَا قَتَلَ مِنَ ٱلنَّعَمِ يَحۡكُمُ بِهِۦ ذَوَا عَدۡلٖ مِّنكُمۡ هَدۡيَۢا بَٰلِغَ ٱلۡكَعۡبَةِ أَوۡ كَفَّٰرَةٞ طَعَامُ مَسَٰكِينَ أَوۡ عَدۡلُ ذَٰلِكَ صِيَامٗا لِّيَذُوقَ وَبَالَ أَمۡرِهِۦۗ عَفَا ٱللَّهُ عَمَّا سَلَفَۚ وَمَنۡ عَادَ فَيَنتَقِمُ ٱللَّهُ مِنۡهُۚ وَٱللَّهُ عَزِيزٞ ذُو ٱنتِقَامٍ
{96. Вам ви се допушта во морето да ловите и уловот да го јадете, со него вие и патниците да се користите, а ви се забранува на копно да ловите додека обредите на аџилакот ги извршувате. И плашете се од Аллах, пред Кого ќе се соберете!} (سورة المائدة
: 96).
أُحِلَّ لَكُمۡ صَيۡدُ ٱلۡبَحۡرِ وَطَعَامُهُۥ مَتَٰعٗا لَّكُمۡ وَلِلسَّيَّارَةِۖ وَحُرِّمَ عَلَيۡكُمۡ صَيۡدُ ٱلۡبَرِّ مَا دُمۡتُمۡ حُرُمٗاۗ وَٱتَّقُواْ ٱللَّهَ ٱلَّذِيٓ إِلَيۡهِ تُحۡشَرُونَ
{97. Аллах ја направил Ќаба, Светиот Храм, да биде препород за луѓето, а така и светиот месец и курбаните, особено тие со оглав означени, за да знаете дека на Аллах Му е познато тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата, дека Аллах, навистина, знае сè.} (سورة المائدة
: 97).
۞ جَعَلَ ٱللَّهُ ٱلۡكَعۡبَةَ ٱلۡبَيۡتَ ٱلۡحَرَامَ قِيَٰمٗا لِّلنَّاسِ وَٱلشَّهۡرَ ٱلۡحَرَامَ وَٱلۡهَدۡيَ وَٱلۡقَلَٰٓئِدَۚ ذَٰلِكَ لِتَعۡلَمُوٓاْ أَنَّ ٱللَّهَ يَعۡلَمُ مَا فِي ٱلسَّمَٰوَٰتِ وَمَا فِي ٱلۡأَرۡضِ وَأَنَّ ٱللَّهَ بِكُلِّ شَيۡءٍ عَلِيمٌ
{19. Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува и кој на Аллаховиот пат се бори? Тие не се еднакви пред Аллах. А Аллах нема да им укаже на Вистинскиот пат на тие што самите си прават неправда.} (سورة التوبة
: 19).
۞ أَجَعَلۡتُمۡ سِقَايَةَ ٱلۡحَآجِّ وَعِمَارَةَ ٱلۡمَسۡجِدِ ٱلۡحَرَامِ كَمَنۡ ءَامَنَ بِٱللَّهِ وَٱلۡيَوۡمِ ٱلۡأٓخِرِ وَجَٰهَدَ فِي سَبِيلِ ٱللَّهِۚ لَا يَسۡتَوُۥنَ عِندَ ٱللَّهِۗ وَٱللَّهُ لَا يَهۡدِي ٱلۡقَوۡمَ ٱلظَّٰلِمِينَ
{27. И повикај ги луѓето на аџилак!“ – и ќе ти доаѓаат пешки и на секоја истоштена камила кои доаѓаат од далечен пат.} (سورة الحج
: 27).
وَأَذِّن فِي ٱلنَّاسِ بِٱلۡحَجِّ يَأۡتُوكَ رِجَالٗا وَعَلَىٰ كُلِّ ضَامِرٖ يَأۡتِينَ مِن كُلِّ فَجٍّ عَمِيقٖ
{28. За да бидат сведоци на користа своја и за да го спомнуваат Аллаховото име во познатите денови затоа што ги снабдил со домашни животни. Јадете го месото нивно, а нахранете го и скромниот сиромав.} (سورة الحج
: 28).
لِّيَشۡهَدُواْ مَنَٰفِعَ لَهُمۡ وَيَذۡكُرُواْ ٱسۡمَ ٱللَّهِ فِيٓ أَيَّامٖ مَّعۡلُومَٰتٍ عَلَىٰ مَا رَزَقَهُم مِّنۢ بَهِيمَةِ ٱلۡأَنۡعَٰمِۖ فَكُلُواْ مِنۡهَا وَأَطۡعِمُواْ ٱلۡبَآئِسَ ٱلۡفَقِيرَ
{29. Потоа, нечистотијата од себе нека ја отстранат, своите завети нека ги исполнат и околу древната Ќаба нека обиколуваат.} (سورة الحج
: 29).
ثُمَّ لۡيَقۡضُواْ تَفَثَهُمۡ وَلۡيُوفُواْ نُذُورَهُمۡ وَلۡيَطَّوَّفُواْ بِٱلۡبَيۡتِ ٱلۡعَتِيقِ
{33. Вие имате корист од нив до одреден рок, а потоа нивното место е крај древната Ќаба.[204]} (سورة الحج
: 33).
لَكُمۡ فِيهَا مَنَٰفِعُ إِلَىٰٓ أَجَلٖ مُّسَمّٗى ثُمَّ مَحِلُّهَآ إِلَى ٱلۡبَيۡتِ ٱلۡعَتِيقِ
{36. А камилите ви ги направивме едни од Аллаховите обреди на аџилакот и вие од нив имате добро, затоа спомнувајте го Аллаховото име кога ќе бидат подготвени за колење, стоејќи со една врзана нога, а кога ќе паднат на земјата, јадете ги, а нахранете го и тој што не проси, а и тој што проси. Така ви ги потчинивме, за да бидете благодарни.} (سورة الحج
: 36).
وَٱلۡبُدۡنَ جَعَلۡنَٰهَا لَكُم مِّن شَعَٰٓئِرِ ٱللَّهِ لَكُمۡ فِيهَا خَيۡرٞۖ فَٱذۡكُرُواْ ٱسۡمَ ٱللَّهِ عَلَيۡهَا صَوَآفَّۖ فَإِذَا وَجَبَتۡ جُنُوبُهَا فَكُلُواْ مِنۡهَا وَأَطۡعِمُواْ ٱلۡقَانِعَ وَٱلۡمُعۡتَرَّۚ كَذَٰلِكَ سَخَّرۡنَٰهَا لَكُمۡ لَعَلَّكُمۡ تَشۡكُرُونَ
{37. До Аллах нема да допре месото нивно и крвта нивна, но ќе Му стигнат искрено направените ваши добри дела. Така ви ги потчини за да Го величате Аллах затоа што ве упати. И израдувај ги тие што прават добри дела!} (سورة الحج
: 37).
لَن يَنَالَ ٱللَّهَ لُحُومُهَا وَلَا دِمَآؤُهَا وَلَٰكِن يَنَالُهُ ٱلتَّقۡوَىٰ مِنكُمۡۚ كَذَٰلِكَ سَخَّرَهَا لَكُمۡ لِتُكَبِّرُواْ ٱللَّهَ عَلَىٰ مَا هَدَىٰكُمۡۗ وَبَشِّرِ ٱلۡمُحۡسِنِينَ